Изненадувачки трансфер на играчот на Лестер кој блесна на Светското првенство


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


25 годишниот Ахмед Муса кој беше под договор со тимот на Лестер направи изненадувачки трансфер во редовите на Ал Наср, клуб од Саудиска Арабија.

Репрезентативецот на Нигерија беше рекордно засилување за „лисиците“ кога во 2016 за сума од 16.6 милиони фунти слета на „Кинг Пауер“ стадионот, но не успеа да ги покаже своите квалитети.

Муса одигра солидно на неодамна завршеното Светско првенство во Русија и се очекуваше да остане во Европа и да потпише во некој од тимовите кои се натпреваруваат во големите пет лиги.

Сепак наместо тоа, напаѓачот се реши да замине во Саудиска Арабија каде со сигурност ќе заработува големи пари.