Тимот на Фулам не запира, во Лондон стигнува играч на Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Фулам полека но сигурно склопуваат фантастичен тим со кој ќе настапат во новата сезона од Премиер лигата.

Тимот предводен од Славиша Јокановиќ се засили на речиси сите позиции во тимот, па така во Фулам досега стигнаа голманот на Бешикташ, Фабри, најдобриот играч на Свонси, Алфи Мосон, а од Ница пристигнаа и Максим Ле Маршан и Жан Мишел Сери, играчот за кој постоеше интерес од Барселона и Арсенал.

Во нападот Фулам се засили со Андре Шурле и Александар Митровиќ, а сега планира трансфер и на играч од Реал Мадрид. Наводно, до крајот на преодниот рок од Фулам ќе се обидат да го донесат играчот кој не е во прв план кај Лопетеги, Тео Ернандез.

Наводно Ернандез веќе се договорил со Реал Сосиедад за едногодишна позајмица, но понудата од Фулам во последен момент може да го премисли младиот бек.