Рајола најде клуб кој ќе му ги исполни сите барања на Балотели!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Марио Балотели не е задоволен во Ница и сака да замине. Пред две сезони тие беа хит кога стигнаа до третото место во Лига 1, а претходната сезона разочараа.

Еден од најважните играчи замина во Фулам, а станува збор за Мишел Сери, а вториот сака да го напушти тимот. Се споменуваше Марсеј, но преговорите се паузирани, па Балотели може да се врати во Серија А.

Парма е загреана за неговиот потпис и сака да ги исполни сите негови услови за да го ангажира во свои редови.

„Газета дело спорт“ пишува дека Парма е подготвена да му понуди двојно поголема плата од таа што ја има во Ница.

Покрај Парма и Марсеј, за Балотели се заинтересирани уште Борусија Дортмунд, Милан и Јувентус.