Ники Лауда во критична состојба по трансплатација на бели дробови


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот возач во Формула 1, Ники Лауда, итно беше опериран. Во Виена поради тешка болест морале да му бидат заменети белите дробови. Иако лекарите кажаа дека операцијата успеала, сепак неговиот живот е во опасност.

Во соопштение за јавноста, менаџментот на болницата извести дека операцијата е успешна и дека семејството бара мир и почитување на приватноста.

Германските и австриските медиуми пишуваат дека 69-годишниот Лауда е во критична состојба, зашто првите неколку дена не е познато како ќе реагира неговото тело на операцијата.

Лауда во 1976. година беше тешко повреден на трката во Нирбургринг, на која неговиот Ферари се запали, а австрискиот возач беше спасен, но со тешки изгореници.