Леонардо откри зошто Милан решил да се откаже од Бонучи за Калдара


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Јувентус и Милан вчера ги потврдија трансферите. Гонзало Игуаин од Јувентус пристигна во Милано на позајмица. Исто така, во директна позајмица беа заменети Матија Калдара и Леонардо Бонучи.

Бонучи така се врати во Јувентус по само една сезона во Милано, додека 24-годишниот Калдара ќе почне нова авантура кај „росонерите“.

Многумина ги зачуди овој потег на управите на двата клуба, а денеска трансферот го објасни директорот на Милан, Леонардо.

„Мислам дека секои преговори имаат своја приказна, трансферот може да почне на еден начин, а да заврши на поинаков. Калдара? Мислам дека Аталанта изгради одличен карактер на играчот. Од техничка страна тој е модерен фудбалер, постигнува голови и многу добро ја чита играта“, вели Леонардо.