Сари откри што му треба најмногу во моментов во Челси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Маурицио Сари летово го замени Антонио Конте на тренерското место на Челси и веќе некое време се подготвува за новата сезона.

Од пристигнувањето на Сари на „Стемфорд бриџ“, Челси го засилија Жоржињо и резервниот голман Роб Грин.

Иако медиумите многу имиња поврзуваат со потенцијален трансфер во Челси пред завршување на преодниот рок, италијанскиот тренер сега кажа дека на неговата екипа ѝ треба само едно засилување.

„Мислам дека ни е потребно нешто, но можеби само еден играч. Разговарав со луѓето во клубот за потенцијални засилувања. Разговаравме за позициите, сепак не зборувавме за имињата, па ниту јас не знам кој би можел да биде“, кажа Сари.