Дерби погоди во 95.минута, Лампард со победа дебитираше во новиот клуб (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Френк Лампард со победа дебитираше на првиот официјален натпревар како тренер на Дерби Каунти откако со 2:1 беше совладан тимот на Рединг на „Мадејски Стадионот“.

Резултатот го отвори домашниот тим кој преку Џон Дади Бодварсон поведе со 1:0. Сепак, на гостите им беа потребни само осум минути да се соземат од шокот и преку Масон Маунт, да израмнат на 1:1.

Вистинските возбудувања се случуваа во 95. минута кога поранешниот младинец на Манчестер Јунајтед, Том Лоренс со глава ја затресе мрежата на Вито Маноне и донесе голема радост за Френк Лампард.