Шпекулациите не престануваат: Реал Мадрид замена за Модриќ најде во Јувентус!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лука Модриќ, наводно, сака кариерата да ја продолжи во Италија. Европските медиуми пишуваат дека хрватскиот фудбалер покажал желба да замине од Мадрид, односно негова наредна дестинација да биде Интер.

„Нераѕурите“ предводени од Лучијано Спалети летово се многу активни на пазарот. На „Џузепе Меаца“ стигнаа Врсаљко, Мартинез, Наинголан, Де Вриј, меѓутоа во Интер сакаат уште неколку засилувања.

Модриќ имаше големи успеси со Реал Мадрид, па се очекува да побара нови предизвици, а „Раи спорт“ пишува дека на „Сантјаго бернабеу“ имаат замена доколку Модриќ реши да замине.

Флорентино Перез планира да го ангажира Миралем Пјаниќ, за кого интерес покажаа уште Челси, Барселона и ПСЖ.