Перез се предомислил: Интер испрати прва понуда, Реал ги почна преговорите за Модриќ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Веќе неколку дена се шпекулира дека Лука Модриќ од Реал Мадрид ќе се пресели во Интер. Наводно, италијанската екипа е заинтересирана за 32-годишниот играч, а Хрватот има интерес да се пресели во Италија.

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, најпрво кажа дека сака да го задржи Модриќ и дека ќе прифати понуда само од 750 милиони евра.

Сепак, италијанските медуми пишуваат дека наводно Интер и понатаму се надева дека ќе го ангажира Модриќ и подготвиле 40 милиони евра за негов трансфер. Поточно, позајмицата ќе изнесува 15 милиони евра, а потоа откупот уште 25.

Италијанците пишуваат дека „нераѕурите“ ќе мора да ја подобрат понудата, зашто Перез наводно барал 60 милиони евра, односно 25 милиони евра за позајмица и дополнителни 35 за откуп на неговиот договор.