Сари потврди дека еден играч заборавен од Конте ќе биде клучен во неговиот тим


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новиот тренер на Челси, Маурицио Сари потврди дека заборавениот Давид Луиз ќе има важна улога во Челси оваа сезона.

Бразилецот беше незаменлив во периодот кога Челси ја освои титулата пред две сезони, но пота влезе во клинч со Конте и ја изгуби стартната позиција.

Сега, Сари потврди дека ќе му даде поголема шанса на играчот од одбраната кој во претходниот период се поврзуваше со заминување од „Стемфорд Бриџ“.

„Многу сум среќен со Давид и неговата посветеност. Мислам дека ќе игра многу важна улога во тимот“- коментираше Сари.