Фоњини го изненади Дел Потро и ја освои првата титула на тврда подлога!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини победи во Лос Кабос, Мексико на АТП-турнирот од серијата 250.

Иако Дел Потро водеше со 3-0 во првиот сет, Фоњини со брејк во петтиот гем се врати во игра, а потоа во седмиот со нов брејк го освои сетот.

Во вториот многу полесно стигна до триумф. Со брејк стигна до 2-1, па сервираше за 3-1, па оптоа со нов брејк го заврши сетот.

Ова за Фоњини е прва титула на тврда подлога, односно осма во кариерата. Претходниот седум ги освојуваше на земјена подлога.

„Кој би рекол дека ќе ја освојам титулата во Мексико, но ете успеав и сега сум среќен поради тоа“, кажа Фоњини.