„Газета“ најавува трансфер-лудило: Модриќ во Интер, Пјаниќ во Реал, Милинковиќ-Савиќ во Јуве!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ пишува дека би можеле да се случат неколку интересни трансфери летоов.

Неколку фудбалери би можеле да ги променат клубовите, а сè би можело да почне со трансфер на Лука Модриќ во Интер, а потоа во Мадрид би пристигнал Миралем Пјаниќ.

„Газета“ пишува дека Модриќ посакал да замине од Реал и дека преговорите се во тек, а доколку навистина тоа се случи, тогаш Пјаниќ ќе се пресели во „кралскиот клуб“.

Италијанските медиуми пишува дека потоа Јувентус би го купил Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио.

Дали ова ќе се оствари ќе видиме наскоро, но делува дека е премногу комплицирано за да се реализира во наредните денови.