„Штом се појавија шпекулации Буфон беше сигурен дека Роналдо ќе дојде во Јуве“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џанлуиџи Буфон после долги 17 години го напушти Јувентус и ова лето како слободен играч го засили ПСЖ.

Недолго после тоа Јувентус доби големо засилување затоа што успеа да го доведе Кристијано Роналдо во своите редови, а сега менаџерот на Буфон, Силвано Мартина открива дека 40 годишниот голман знаел дека Португалецот ќе пристигне во Торино, но и дека тоа немало да го натера да се предомисли и остане барем уште малку на голот на Старата дама.

„Тоа не можеше да се предвиде во април, но штом се појавија вести околу преминување на Роналдо то беше сигурен дека тој трансфер навистина ќе се случи“, истакна Мартинo за RMC Sport и додаде:

„Го сакаше дресот кој го носеше. Буфон го живее својот живот кој е полн со емоции и се надевам дека нема да мора да игра против Јуве, тоа би било премногу болно за него. Дали би се вратил во Јуве? Не знам, но не верувам дека ПСЖ некогаш ќе го пушти. Сепак тоа е мое лично мислење. Никогаш околу ова не сме разговарале“.