Леброн: Повторно да заиграм за Кливленд? Никогаш не се знае


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Најдобриот кошаркар на денешницата Леброн Џејмс во новата сезона на НБА лигата ќе го носи дресот на Лос Анџелес Лејкерс.

Џејмс со Лејкерси потпиша четиригодишен договор вреден 154 милиони долари, што значи дека после истекот на договорот, тој ќе има 37 години.

Сепак, прилично е јасно дека Леброн нема да ја заврши тогаш кариерата, а на прашањето за враќање во Кливленд, тој даде малку загонетен одговор.

„Ниедно поглавје во книгата не го затварам во потполност“, порача Џејмс, кој така остави можност да и по трет пат заигра за Кавс.

Тој првпат го напушти Кливленд во 2010. година кога отиде во Мајами и освои две титули, а потоа во 2014. година се врати и со Кавсите освои уште една титула.

Во дресот на Лејкерс ќе дебитира на 30. септември против Денвер во Сан Диего.