Дебито на Роналдо за Јуве ќе се пренесува на фејсбук бесплатно!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Официјално, најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо на 18ти август ќе дебитира за својот нов клуб Јувентус.

На воодушевување на бројните негови фанови, натпреварот против Киево ќе биде пренесуван во живо на Фејсбук страницата Eleven Sports и тоа целосно бесплатно.

Eleven Sports е мрежа создадена 2015 година како меѓународна платформа за пренесување на спортски содржини, а од оваа сезона има ексклузивни права на поединечни натпревари од Серија А и Ла Лига.

Еден од наптреварите кој бесплатно ќе биде пренесуван во живо е дуелот меѓу Киево и Јувентус кој се игра на 18ти август со почеток во 18 часот, но овој натпревар преку оваа мрежа ќе може да го гледаат само од Велика Британија.

Меѓутоа, Фејсбук преносот на дебито на Роналдо може да го гледа секој кој ќе купи британски VPN.

Покрај дуелот меѓу Киево и Јувентус, Eleven Sports преку Фејсбук директно и бесплатно ќе ги пренесува дуелите меѓу Жирона и Ваљадолид (17.08), дербито меѓу Валенсија и Атлетико Мадрид (20.08), а потоа и натпреварите меѓу Ваљадолид и Барселона (25.08) и Торино и Интер (26.08).