Рикардо Родригез одби уште еден великан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Левиот бек на Милан останува во клубот.

Милан не сака да го продаде швајцарскиот фудбалер Рикардо Родригез, а ниту тој сака да го напушти клубот.

Имаше многу заинтересирани клубови, Арсенал трагаше по лев бек откако се повреди Сеад Колашинац, а сега се појави и ПСЖ.

Овој 25 годишен лев бек доби понуда и од шампионот на Франција која била одлична. Вчера дошло и до преговори кои не траеле многу долго, но агентите на Рикардо Родригез на сите им ставиле на знаење дека тој сака да остане во Милан.

Па така неговата судбина е решена во следната година.