Три имиња можни наследници на Модриќ во Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се поизвесно е заминувањето на Лука Модриќ од Реал Мадрид и негово преминување во таборот на Интер.

Од Реал Мадрид поради тоа влегоа во потрага по играч од средниот ред кој ќе го замени хрватскиот интернационалец. Од клубот ќе замине и Матео Ковачиќ, па токму затоа „Кралевите“ ќе мора да донесат еден играч кој ќе ја пополни празнината на средината на теренот.

Во јавноста излегоа информации дека од Реал пикирале тројца фудбалери како можни наследници на Модриќ.

Прв е играчот на Тотенхем и дански репрезентативец Кристијан Ериксен кој веќе неколку сезони игра на високо ниво во Премиер Лигата. Втората трансфер цел на „Кралевите“ е поранешниот играч на Барселона, а сегашен член на Баерн Минхен, Тиаго Алкантара.

Трето име кое се поврзува со трансфер на „Сантијаго Бернабеу“ е Сергеј Милинковиќ Савиќ кој и претходно беше поврзуван со Реал Мадрид.

Перез ќе има тешка задача да преговара со претставниците на сите овие играчи, но доколку сака да донесе квалитетна замена за Модриќ ќе мора и тоа како да се потруди во преговорите со Леви, Лотито и Румениге.