Шпанците открија што планира Перез да му понуди на Модриќ на состанокот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Веќе со денови се шпекулира дека Лука Модриќ ќе го напушти Реал Мадрид и ќе замине во Интер, а епилог на целата приказна требаше да се знае денеска.

Шпанците пишуваат дека Модриќ ќе остане, Италијанците дека нема, но кој е во право ќе се знае по состанокот, кој ќе се одржи денеска.

„Марка“ открива некои детали како тоа дека Флорентино Перез планира на состанокот да пристигне со понуда за нов договор, според кој ќе заработува 12 милиони евра годишно.

„Тоа што ќе му го понуди Реал е подобар договор и не значи дека тие не се лутат на него. Најмногу им пречи неговиот став и молчењето. Во клубот сметаат дека требало да се огласи уште првиот ден кога се појавила шпекулацијата во медиумите“, пишува „Марка“.