Шкендија со негатива од три гола се враќа од Салцбург (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Екипата на Шкендија претрпе убедлив пораз од 3:0 од екипата на Ред Бул Салцбург во рамките од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Салцбург очекувано беше голем фаворит на оваа средба, а до победата дојде со два гола од пенал. На голот на тетовскиот клуб брилираше Костадин Захов кој со неколку интервенции спасуваше чисти голови, и заслужено доби овации од публиката на „Ред Бул Арена“.

Првиот гол дојде во 16. минута кога Дабур го совлада Захов од белата точка. Енур Тотре беше невнимателен и го фаулираше противничкиот фудбалер, по што главниот судија покажа на белата точка.

На 2:0 зголеми истиот фудбалер откако по еден центаршут од слободен удар ја зафати топката со глава, онолку колку што беше потребно за да го измами Захов.

Третиог погодок го постигна Самасеку во 81. минута исто така со удар од белата точка.

Шкендија по овој резултат драстично ги намали шансите за пласман во плеј-офот од Лигата на шампионите и со минимална надеж ќе го пречека австрискиот тим следната недела во Скопје.