Лудница во Мадрид: Перез му избега на Модриќ – состанокот одложен за во петок!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, го одложи состанокот со Лука Модриќ за во петок, барем така известуваат шпанските медиуми.

Хрватот наводно покажал желба да премине во Интер, па таа одлука сакаше да му ја соопшти на претседателот на Реал, но тие не разговарале.

Состанокот, наводно, бил одложен поради тоа што денеска на „Сантјаго бернабеу“ ќе биде претставен нов голман, Тибо Куртоа.

Всушност, Перез сака уште да го држи Интер во неизвесност, поради тоа што „нераѕурите“ не се повлекоа ниту по последното предупредување дека ќе бидат тужени и ќе мора да платат 750 милиони евра за него.

Како што беше претходно соопштено, се очекува Перез да му понуди нов договор на Модриќ.