Официјално: Џејмс Нанели потпиша за Минесота! (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Доскорешниот бек на Фенербахче, Џејмс Нанели кариерата ќе ја продолжи во НБА-лигата.

Поранешниот кошаркар на екипата од Истанбул потпиша договор со Минесота, а деталите од соработката не се соопштени.

На Нанели ова ќе му биде третиот клуб во НБА. Во текот на 2014. година играше за Атланта и Филаделфија, но не постигна важни резултати.

Американецот во претходните две сезони го носеше дресот на Фенербахче со кој во 2017. година ја освои Евролигата, а во Европа играше уште за Кавали, Естудијантес, Макаби и Авелино.

Одличниот шутер неодамна беше на чекор до потпишување на договор со Басконија, меѓутоа двете страни не се договорија.