Ново сериозно засилување стигнува во Интер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интер како никогаш досега има одлично лето кога се работи за трансферите. Тренерот Лучиано Спалети ќе има тим кој ќе биде конкурентен на Јувентус кој ќе се обиде да го освои осмото Скудето во низа.

Тимот од „Џузепе Меаца“ наскоро ќе биде засилен со Кеита Балде кој ги договорил сите лични услови со нероазурите и ќе дојде на едногодишна позајмица со право на откуп на договорот по крајот на сезоната.

Кеита минатата сезона си замина од Лацио во Монако за сума од 30 милиони евра, што значи дека ова ќе претставува враќање на „Чизмата“.

Доаѓањето на Балде ќе значи и дефинитивен крај на Антонио Кандрева кој среќата ќе ја побара во друг клуб од Серија А.