Модриќ ги збуни навивачите со интересна порака на Твитер (ФОТО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Лука Модриќ се поврзува со трансфер во редовите на Интер. Наводно има желба да ги засили „нераѕурите“ и разговорите со претседателот на Реал, Флорентино Перез се најавени за денеска.

Меѓутоа, Модриќ на Твитер објави интересна фотографија од тренинг на „кралевите“ и напиша – Се враќам на работа!

Дали ова значи дека ќе остане во редовите на Реал ќе дознаеме многу брзо. Едно е јасно, а тоа дека Реал не сака да го загуби затоа што е важен дел од екипата.

Од друга страна, Интер не се откажува и ќе испрати понуда која на Хрватот би требало да му се допадне.