„Златното момче“ потпишува нов договор со ПСЖ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Француските медиуми пишуваат дека ПСЖ ќе го продолжи договорот со младиот Преснел Кимпембе.

Тој пристигна на „Паркот на принцовите“ на само 10 години, а минатата сезона беше еден од подобрите играчи во дефанзивата на ПСЖ, а како награда ќе добие нов договор до 2023. година.

Секако, со новиот потпис Кимпембе ќе добие и многу поголема годишна плата, иако таа официјално не е соопштена.

Овој 22-годишен дефанзивец со своите настапи во дресот на ПСЖ привлече голем интерес од европските гиганти, но за заминување во моментов не се размислува, а тоа го потврдува и договорот со „Светците“.