Италијанците го доживеаа тоа од што се плашеа: Интер се откажува од Лука Модриќ!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интер долго време беше заинтересиран за Лука Модриќ, а Хрватот молчеше и не кажуваше ништо за својата иднина, па тоа ги „запали“ шпекулациите за негова преселба во Италија.

Сепак, италијанските медиуми пишуваат дека Интер се откажал од можноста да го ангажира Модриќ, по неговиот состанок со претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез.

Наводно, Хрватот ќе добие нов договор и плата од 12 милиони евра годишно, а тоа беше доволно за Италијанците да се откажат бидејќи немаат доволно пари за да се спротистават на Реал Мадрид.

„Модриќ е недофатлив за Интер и ќе прифати продолжување на договорот со Реал Мадрид, а интересот на Интер му помогна да добие поголема плата. Хрватот ќе добие договор со што Интер ќе остане со празни раце“, пишува „Кориере дело Спорт“.

„Обидот на Интер е во празно, мораа да сопрат во борбата за хрватската ѕвезда“, пишува „Газета дело Спорт“.

Новиот договор наскоро би требало да биде подготвен за потпишување, а се очекува Хрватот да остане уште неколку години во Мадрид и да добие плата од 12 милиони евра.