Погба мотивиран на стартот на Премиерлигата: Сакам да ги освојам сите трофеи!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер јунајтед со победа од 2-1 против Лестер сити ја отворија Премиерлигата.

По натпреварот Пол Погба кажа дека не било лесно да се врати во ритам по продолжениеот одмор, кој го имаше поради Светското првенство во Русија.

„Се вратив од одмор во понеделникот и знаев дека ќе биде тешко во првиот натпревар. Не играв долго ниту еден натпревар, но сега имав солиден настап. Немам освоено многу трофеи, како што се Премиерлигата, Лигата на шампиони, Европското првенство… А, сакам предизвици и ќе се обидам да ги освојам сите трофеи“, кажа Погба.