Челси со фантастична победа ја отвори сезоната во Премиерлигата (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во рамки на првото коло на Премиерлигата беа одиграни четири натпревари од 16 часот.

Бурнмут со 2-0 го победи Кардиф, а решавачкиот гол го постигна Фрејзер во 24. минута, со тоа што Вилсон десет минути подоцна промаши пенал, а конечните два ги постави токму тој во 91. минута.

Новиот премиерлигаш Фулам беше поразен со 0-2 од Кристал Палас, а головите за гостите ги постигнаа Шлуп во 41. и Заха во 80. минута. Вотфорд со 2-0 беше подобар од Брајтон, а двоен стрелец беше Переира.

Челси го декласираше Хадерсфилд на гостински терен со 3-0. Првиот гол го постигна Канте во 34. минута, па потоа Жоржињо зголеми на 2-0 во 45. минута. Конечните 3-0 ги постави Педро, по одличниот пробив и асистенција на Азар во 80. минута.