Одлична асистенција на Алиоски, Лидс води против Дерби (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец од редовите на Лидс Јунајтед, Езџан Алиоски одлично ја започна новата сезона во Чемпионшип.

Во првото коло беше асистент на погодок во победата против Стоук, а сега асистираше и на натпреварот против Дерби Каунти каде на клупата седи големиот Френк Лампард.

Алиоски на одличен начин асистираше на Кемар Руф кој со глава го совлада противничкиот голман за водство на Лидс од 2:1. Претходно голови постигнаа Клих во шестата минута, и Том Лоренс во 12. минута.