Скандал во шпанскиот Суперкуп: Севилја се закани дека нема да игра против Барселона!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Натпреварот од шпанскиот Суперкуп треба да се игра вечерва од 22 часот, но Севилја се заканува дека нема да настапи.

На помалку од 24 часа до почетокот на мечот во Суперкупот, Шпанскиот фудбалски сојуз објави дека нема ограничувања за играчите надвор од Европската Унија (ЕУ) затоа што „Суперкупот не е професионален натпревар“ и со тоа предизвика големо незадоволство.

Ова ги налути функционерите во Севилја, па тие се заканија дека нема да играат.

„Ние во Севилја сме изненадени со изјавата на Шпанскиот фудбалски сојуз на само 24 часа до почетокот на натпреварот. Според неа, може да се пријават колку сакаме играчи кои не се од ЕУ. А во последното соопштение за 2018/19 јасно пишува дека бројкат ае ограничена на само три играчи“, соопштија од Севилја.

Во натпреварите од Примера е дозволено да се имаат само три играчи без ЕУ пасош, но во Сојузот сметаат дека тоа не треба да важи и за Суперкупот.