Сари доби забрана за пушење, но најде нов „лек“ за смирување! (ФОТО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Челси вчера како гости го победија Хадерсфилд со 3-0 во првото коло од англиската Премиерлига.

„Сините“ ги воодушевија навивачите со својата игра во вчерашниот натпревар, а посебни пофалби доби новиот тренер Маурицио Сари. Италијанскиот тренер стигна летово на клупата на Челси и уште сега е јасно дека има многу промени во екипата на гигантот од Лондон.

Сари беше во центар на внимание по мечот поради фотографиите кои се појавија на кои се гледа како џвака цигари покрај клупата за резервни играчи.

Секако, во Англија на тренерите им е забрането да конзумираат цигари во текот на натпреварот, па Сари најде нов начин како да се смири.