Уште не е готово: Барселона има уште четири желби!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона летово е многу активна на пазарот и навивачите очекуваат клубот да претстави уште едно големо засилување.

Каталонската екипа најверојатно ќе купи уште еден играч за врска, откако од Барселона заминаа Андрес Иниеста, Паулињо и Андре Гомеш.

Јасно е дека Ернесто Валверде има на располагање одлични играчи на овие позиции, но шпанскиот тренер сака да ја зголеми конкуренцијата.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона е заинтересирана за четири играчи за врска, па еден од нив сигурно ќе дојде.

Наводно, најблиску до Барселона е Адриен Рабио од ПСЖ, за кој Каталонците покажаа голем интерес.

Исто така, Барселона е заинтересирана за младиот Френки Де Јонг, Тијаго Алкантара и Миралем Пјаниќ.