Канте задоволен од новиот тренер на Челси


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Францускиот репрезентативец Нголо Канте се пофали со нова позиција која му ја доделил новиот предводник на клубот, Маурисио Сари.

Челси синоќа победи со 3:0 против Хадерсфилд, а првиот гол за тимот го постигна токму Канте.

Не е вообичаено омилениот играч на фановите да постигнува голови,  но штом Сари му дал шанса да игра повеќе во нападот, очигледно дека почесто ќе погодува.

„Нов менаџер и нов систем. Играм поофанзивно и ќе дадам се од себе целиот тим да биде добар во новата сезона. Со овој систем и јас играм поофанзивно каде сум во почест контакт со напаѓачите“- истакна Канте.