Рома купи страшно засилување, но наскоро пристигнува уште еднo!? (ФОТО+ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Откако го загубија Малком од Бордо, кој се пресели во Барселона, Рома не можеше да ангажира нов играч, но тоа конечно се смени денеска и Римјаните објавија дека нов играч на „Волчицата“ ќе биде Стивен Н`Зонзи.

Французинот не ја криеше тајната да го напушти клубот, а Рома се појави како идеална дестинација за неговата кариера, па на крајот „волчицата“ г обезбеди неговиот потпис.

Овој 29-годишен играч ќе добива плата од 3,5 милиони евра годишно, а се претпоставува дека Рома би можела да го плати 28-30 милиони евра на Севилја.


Покрај Н`Зонзи, Рома наскоро би можела да го ангажира Тајсон од Шахтјор, кој би бил одлично засилување за нив, а би ги чинел 25-30 милиони евра.

Тајсон на 117 натпревари во Шахтјор постигна 22 гола. Бразилецот постави фотографија на Инстаграм, а веднаш му беше поставено прашање дали ќе оди во Италија, на кое играчот одговори потврди.