Еуфорија во Тел Авив: Макаби се засилува со поранешен кошаркар на Хјустон!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Спортандо“ пишува дека нов кошаркар на Макаби од Тел Авив наскоро би требало да стане поранешниот центар на Хјустон рокетс, Тарик Блек.

Блек три години настапуваше за колеџот Мемфис, а потоа во 2014. година не беше драфтуван, но Хјустон му даде шанса.

Не се задржа долго во „Тојота центарот“, па истата година замина во Лос Анџелес лејкерс, кои наредната сезона го испратија во развојната лига.

Се врати во Хјустон минатото лето, а годинава стана слободен играч, па во недостаток на понуди од НБА-лигата реши да си ја проба среќата во Европа.

Има добро НБА искуство, одигра 220 натпревари во претходните пет сезони, а просечно постигнуваше по 4,9 поени и 4,7 скокови по дуел.