„Д Интернешнл“: Мега-спектакл, 18 екипи и награден фонд од 24 милиони долари! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска почнува најголемиот турнир во играта „Дота 2“ и се нарекува „Д Интернешнл“, а ќе се одржува во Ванкувер, Канада.

На турнирот во Ванкувер кој се игра за награден фонд малку поголем од 24 милиони долари ќе настапуваат 18 екипи, односно Ликвид, Фанатик, иЏ, Минески, Виртус.про, Оптик, Сикрет, Серенити, ЛЏД Гејминг, Ивил Џиниусес, ВЏЈ, Њуби, ТНЦ Про Тим, Виси Гејминг, ВЏЈ. Сторм, ПаИН…

Едни од најголемите фаворити за да ја освојат титулата на најголемиот турнир кој се одржува секоја година во „Дота 2“ е токму рускиот тим Виртус. Про, кој доминираше на почетокот на сезоната, односно на останатите помали турнири.

„Д Интернешнл“ инаку се одржува од „Валв Корпорејшн“, кој е креатор на играта. Првиот најголем турнир беше одржан во Келн, Германија на „Гејмском“ во 2011. година и имаше награден фонд од 1,6 милиони долари.

Вториот се одржа во Сиетл и тој исто така имаше награден фонд од 1,6 милиони долари. За третиот турнир наградниот фонд порасна на 2,8 милиони долари. А, како поминуваше времето, секоја година фондот растеше, најпрво на 11 милиони долари, па на 18 милиони во 2015. година и на крајот стигна до 24 милиони долари, колку што беше минатата година и колку што ќе биде сега.