Милан повторно во акција: „Росонерите“ сакаат соиграч на Пандев!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Милан летово ангажираше шест нови играчи, односно како слободни играчи стигнаа голманот Пепе Реина, левиот бек Иван Стриниќ и талентираниот Ален Халиловиќ.

На позајмица со право на откуп се Гонзало Игуаин, Тиемуе Бакајоко, а во Милано пристигна и Матија Калдара од Јувентус.

Италијанските медиуми пишуваат дека Милан е заинтересиран сега за Диего Лаксалт од Џенова, соиграчот на нашиот Горан Пандев, па во моментов се во напредни преговори за неговиот трансфер.

Освен него, на „Сан Сиро“ се очекува да пристигне и Саму Кастилјехо.