Зидан се враќа во голем стил – седнува на клупата на англиски гигант!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Зинедин Зидан е без работа од мај, кога даде отказ во Реал Мадрид, а сега француските медиуми го поврзуваат со нова тренерска работа.

Наводно, Зидан покажал голем интерес да го предводи Манчестер јунајтед наредната сезона бидејќи не е позната иднината на Жозе Мурињо.

Зидан даде отказ пет дена по освојувањето на третата титула во Лигата на шампиони по ред, а исто така во 2017. година стигна и до трофејот во Примера.

„Л’Екип“ пишува дека Зидан размислува за својата иднина, па догодина би можеле да го видиме на тренерското место на „црвените ѓаволи“.