Хрватски менаџер најави: Порано или подоцна Модриќ ќе игра во Италија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот играч на Мундијалот, Лука Модриќ, веќе некое време се поврзува со Интер, но целата работа ја кочи Реал Мадрид.

Меѓутоа, поради сите шпекулации во јавност реши да се огласи еден хрватски менаџер, Марко Налетилиќ, кој верува дека Хрватот ќе игра еден ден во Серија А.

„Колку е големо влијанието на Кристијано Роналдо на италијанскиот фудбал најдобро се гледа на тоа што Интер сака да го купи Модриќ. Лука сака да биде ѕвезда во Серија А со Интер, ќе видиме, но верувам дека еден ден ќе заигра во Италија“, кажа Налетилиќ.