Совети за обложување: Градско дерби во Суперкупот на Европа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Повелете неколку совети за обложување од тимот на Kladenje.mk.

Реал Мадрид- Атлетико Мадрид ГГ 3+ ( двата тима ќе постигнат погодок и на натпреварот ќе има минимум три гола)

Со градската пресметка помеѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид се означува официјалниот почеток на сезоната за двете екипи. Реал предводен од нов тренер ќе с еобиде да стигне до нов трофеј од Суперкупот, по оној освоен минатата година во Скопје. Атлетико Мадрид пак со доста изменетиот состав со сигурност ќе биде тешка пречка за „Кралевите“. Едно е сигурно, во Талин ќе гледаме доста допадлив фудбал.

Јокохама Маринос- Нагоја 1 (Победа на домаќинот)

Нагоја е на последната позиција на табелата во Џеј 1 лигата, но веќе врза три победи со ред и полека но сигурно се доближува до тимовите кои ќе се борат за опстанок. Тимот на нашиот Бабунски пак повторно игра променливо и е на 13. позиција на табелата. Натпреварот против Нагоја е совршена можност за Јокохама да напредува на табелата во Џеј Лигата.

Хенан- Гвангжу 2 (Победа на гостинот)

По неочекуваниот пораз од Чангчун, сега Гвангжу ќе мора да го победи тимот на Хенан доколку сака да се приклучи во борбата за врвот. Се освен три бода ќе значи голем неуспех за момците на Фабио Канаваро.

Барселона- Бока Јуниорс 4+ (На натпреварот ќе има минимум четири гола)

Барселона денес го игра последниот пријателски натпревар пред почетокот на сезоната во Ла Лига. Валверде по трофејот во шпанскиот Суперкуп со сигурност ќе ротира во тимот, со што ќе се отвори можност и за аргентинскиот клуб да нападне кон голот на Каталонците. Се очекува отворен натпревар со многу голови.

Проверете ги останатите бесплатни типови на Kladenje.mk