Рамос: Никој не е поголем од Реал, ќе победуваме и без Роналдо!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, е мотивиран пред дуелот во европскиот Суперкуп против Атлетико Мадрид.

„Кралевите“ играат против градскиот ривал во Талин, па ќе биде тоа шанса да ја отворат сезоната со титула.

„Голема привилегија е да се игра во Суперкупот. Тоа е награда за освојување на Лигата на шампиони. Возбудени сме поради новиот предизвик“, кажа Рамос.

Европскиот шампион во новата сезона влегува со нов тренер Хулен Лопетеги и без Кристијано Роналдо, кој замина во Јувентус.

„Ние сме семејство и поради тоа имаме големи успеси. Да се остане без таков играч е голема загуба, но ние нема да престанеме да победуваме. Во минатото многу врвни играчи доаѓаа и заминуваа, а ние продолживме да победуваме. Ниту еден играч не е поголем од Реал Мадрид“, кажа Рамос.

Средбата помеѓу Реал и Атлетико се игра вечерва од 21 часот.