Годин откри зошто го одбил Манчестер Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во последниот ден од трансфер периодот во Англија излезе шпекулација дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за Диего Годин.

Сепак, и самиот играч, но и од Атлетико Мадрид веднаш ја одбија понудата од „Црвените ѓаволи“, а во јавноста потоа излегоа интересни најави.

Наводно, агентот на Годин го искористил Манчестер Јунајтед за да добие нов побогат договор за својот клиент.

Сепак, ова го отфрли Годин кој изјави дека финансиите не биле причината што тој си „поиграл“ со Јунајтед.

„Се уште немам потпишано нов договор. Имав понуди, точно е,  но одлучив да останам во Атлетико поради лични причини. Сепак, се уште не го имам продолжено договорот. Видов вести дека сум го сторил тоа и не знам од каде излегле“- коментираше Годин.