Шок на Етихад: Се повреди најдобриот играч на Сити


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на МанчестерСити нема да го паметат добро денешниот тренинг пред натпреварот со Хадерсфилд во рамките од второто коло од Премиер Лигата.

Истиот денес беше завршен на најлош можен начин затоа што Пеп Гвардиола остана без најдобриот свој играч откако Кевин Де Брајн мораше предвреме да го напушти тренинг центарот поради повреда.

Според првите информации Белгиецот заработил повреда на коленото и сега се очекува нешто подолга пауза. Се уште не се познати резултатите од прегледите, но медиумите пишуваат дека во најдобар случај Де Брајн ќе биде надвор од терените околу два месеци.