Голманот на Арсенал пристигна во Италија и е пред комплетирање на трансфер во Серија А


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Давид Оспина пристигна во Италија и е пред комплетирање на трансфер во редовите на Наполи. Клубот од Неапол ќе плати еден милион евра на Арсенал за едногодишна позајмица на голманот, а потоа ќе има право на целосен откуп на договорот за осум милиони евра.

Колумбиецот доцна синоќа пристигнал на „Чизмата“ и во текот на денешниот ден ќе ги има неопходните медицински прегледи пред и официјално да стави потпис на договорот.

Наполи беше во потрага по нов голман откако нивното ново засилување, Алекс Мерет, кој пристигна за 22 милиони фунти се повреди уште на стартот на подготовките.