Гризман го „боцна“ Серхио Рамос по вчерашниот натпревар (Фото)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Антоан Гризман беше видно расположен по убедливата победа против Реал Мадрид во рамките од Супер Купот на Европа.

На натпреварот во Талин избраниците на Диего Симеоне славеа со 4:2, а веднаш по натпреварот следеше голема прослава на титулата.

Најдобриот играч на „Јорганџиите“, Антоан Гризман го „боцна“ капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос со една објава на социјалните мрежи.

Французинот објави фотографија како седи на кралски престол, а круната му ја става токму Рамос. Оваа фотографија веднаш го обиколи фудбалскиот свет, а со коментар можеби ќе се јави и самиот Рамос.