ПСЖ донесе играч на Шaлке 04


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Младиот германски одбранбен фудбалер Тило Кехрер е нов фудбалер на ПСЖ откако го комплетираше трансферот од таборот на Шалке 04.

Парижаните на германскиот клуб ќе му платат сума од 37 милиони евра за талентираниот 21 годишен фудбалер кој имаше одлична сезона зад себе.

Кехрер беше дел од репрезентацијата на Германија која го освои у21 Европското првенство минатиот месец, а минатата сезона одигра 27 натпревари во дресот на Шалке. Кехрер е само второто засилување за ПСЖ по Џиџи Буфон кој пристигна на почетокот на летово.