„Д Интернешнл 8“: Американските екипи доминираа во првиот ден! (ФОТO+ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На изненадување на многумина, по првиот ден од групната фаза на „Д Интернешнл“ на врвот на групите А и Б се наоѓаат екипите на Ивил Џиниусес и ВЏЈ.Сторм.

Ивил Џиниусес помалку неочекувано се најде на врвот на табелата пред фаворитот Ликвид и ПСЖ, ЛЏД.

Кинеската екипа не импресионираше на стартот на натпреварувањето, откако одигра три натпревари без победа, но и порази, со идентични 1-1. Ако ПСЖ.ЛЏД не ја поправи играта, место во победничкиот бараж би можело да им биде одземано бидејжи во моментов се на делба на четвртата позиција со екипата на Минески.

ИЏ од друга страна двапати тримуфираа и тоа против ВЏЈ.Тандер и Минески, како и еден нерешен резултат.

Колку е групата А жестока покажува и тоа што ниту еден тим не го заврши првиот ден без победа.

Шампионот на седмиот „Д Интернешнл“, Ликвид двапати ги подели бодовите во првиот ден, против Фанатик и ПСЖ. ЛЏД, како и победа против ОЏ.

Во група Б две екипи го одбележаа денот, ВЏЈ.Сторм и Тим Серенити. Американскиот тим продолжи со одличните игри, по кратка пауза и лош настап на деветиот Дота Самит. Тие ги победија Тим Сикрет и ВиСи Гејминг, екипи кои се фаворити.

Серенити го заврши првиот ден со 2-2, но кога ќе се земе во предвид дека се бореа храбро против ривалите Виртус.про и Тим Сикрет, може да се забележи колку голема напредок имаат.