Перез не простува: Реал го тужи Интер до ФИФА поради Модриќ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид не го пушти Лука Модриќ во Интер, и покрај големиот број на шпекулации на светските мдиуми, а сега реши и да го тужи клубот од Милано поради незаконско преговарање со играчот.

Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез, кажа дека „нераѕурите“ не испратиле понуда за Модриќ, туку директно го контактирале неговиот агент без знаење на Реал Мадрид.

Тоа според правилниците на ФИФА е недозволиво и казниво. Односно, дозволено е да се преговара со играчот кога има само помалку од една година од својот договор со актуелниот клуб. Кај Модриќ тоа не е случај, зашто има договор до 2020. година.

Минатата година, Атлетико до ФИФА ја прифати Барселона затоа што го контактираше Антоан Гризман на ист начин како што го направи тоа ИНтер со Хрватот.