Еден од најдобрите англиски судии ја заврши кариерата поради видео објавено на социјалните мрежи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


32 годишниот судија од Премиер Лигата, Боби Мадли ја заврши својата кариера како делител на правдата во англискиот фудбал.

Мадли беше еден од најдобрите англиски судии и многумина го посочуваа како замена за Марк Клатенбург кој исто така ја напушти Премиер Лигата пред две сезони. Судијата веќе судеше и под знакот на ФИФА важејќи за еден од најдобрите млади судии во светот.

Сепак, самиот Мадли донел одлука да се повлече од работата, а медиумите во Англија пишуваат дека тоа го направил поради видео со недолична содржина кое излегло на социјалните мрежи.

Од професионалното здружение на судиите во Англија потврдија дека Мадли повеќе нема да ја дели правдата во Премиер лигата и куповите на оваа земја.