Неочекуван потег на Јувентус: Крај на авантурата за една легенда на клубот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Јувентус денеска потврдија дека е раскинат договорот со легендарниот играч на клубот, Клаудио Маркизио.

32 годишниот фудбалер беше дел од Јувентус цели 25 години, а своето деби за Бјанконерите го имаше во 2005 година.

Во дресот на Јувентус одигра вкупно 389 натпревари на кои постигна 37 погодоци. Од Торино си заминува како вистински шампион со освоени седум титули шампион во својата земја, четири трофеи во Купот на Италија, и три Суперкупа на Италија.

Покрај Јувентус, Маркизио само една сезона помина на позајмица во Емполи и во сите изминати години беше миленик на навивачите на „Старата Дама“.