Јувентус купува играч на Арсенал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесува дека од таборот на Јувентус се многу блиску до комплетирање на трансферот на младиот напаѓач на Арсенал, Стефи Мавидиди.

20 годишниот фудбалер се уште нема сениорски настап за „топчиите“, а минатата сезона ја поминал на позајмици во Чарлтон и Престон.

Мавидиди веќе се наоѓа во Торино каде во текот на денешниот ден ќе ги помине медицинските прегледи пред и официјално да стави потпис на договорот со италијанскиот гигант.

Мавидиди е редовен репрезентативец во младите категории на Англија и моментално настапува за селекцијата под 20 години на „Гордиот Албион“.